Платете ги заостанатите сметки за „Водовод“ без камати и на рати

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје, дека од утре почнува акција за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање.

Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица, ќе почне од 15 февруари, а ќе трае заклучно до 31 март 2023 година.

-Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Од јавното претпријатие потенцираат дека одлуката не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес.

По истекот на овој период одлуката престанува да важи.