Петровска: Обединетото Кралство е доверлив партнер со чија поддршка ги развиваме способностите на Армијата

Обединетото Кралство е доверлив партнер со чија поддршка ги градиме оперативните капацитети и ги развиваме способностите на Армијата, објави министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејсбук профил.

– За британската поддршка разговаравме со експертски тим за евалуација предводен од одбранбеното аташе потполковник Метју Вокер. Соработка во областа на одбраната помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство продолжува со засилено темпо, напиша Петровска на фејсбук. цр/сп/