Петре, добро е се навикнавме!

Петре добро е се навикнавме е насловот на оваа фотографија која е дел од реакцијата на твитерџиите за нездата на комарци со која се соочуваат скопјани деновививе: 

Градот Скопје за престојниот викенд најави ново прскање против комарци. Авионска дезинсекција против возрасни форми комарци ќе се изврши на 11 и на 12 август – в сабота и недела во раните утрински часови, додека терестична дезинсекција против возрасни форми комарци ќе се изврши од 12 до 16 август  (од недела до четврток) во периодот од 23:00 до 04:00 часот наредниот ден.

Во меѓувреме скопјани реагираат дека во Скопје комарците сериозен проблем. До редакцијата на Скопје Инфо секојдневно стигнуваат дописи и маилови во кои тие реагираат на оваа тема. Вчерашната објава на фејсбук страната на Скопје Инфо предизвика повеќе од стотина коментари. 

”Прскаа против комарци, но сеуште се прашувам дали прскањето беше наменето за комарците или за нас граѓаните. Смрад кој ти го нагризува грлото, а во приквечерјето тигрести комарци со роеви напаѓаа”, ова е делот од коментарот на Спасенија Чекаловска на социјалните мрежи. 

Гоца Ларас се надоврза на оваа тема и напиша: Една обична граѓанска обврска не можете да исполните,неспособни едни. Град Скопје,никогаш у животот не сум коментирала волку колку што ве коментирам Вас.Клиника е полна со искасани дечиња. Срам да ви е,превземете нешто друго,ова очигледно не ви функционира...Ќе се докажувале они..

Елена Заевска праша: кој прскал...не се седува во двор. Сигурно оваа година со вода прскале, констатираше таа. 

На социјалните мрежи се јави и Ина Многуфина на оваа тема. Таа напиша: Ако остана комарец што не ме касна вечерва нека доаѓа и да си легнам ајде. 

На тема комарци на социјалните мрежи се пошегува и Перо Антиќ кој искоментира дека до градот ќе испрати фактура за Аутан. 

Со камера на воздухопловот и снимка од прскањето, Град Скопје ќе докажува дека прскале против комарци во главниот град. Планирано е да се постави камера и целиот процес да биде снимен.