Петок е државен празник – продолжен викенд за сите граѓани!

Овој петок е неработен ден 24 мај (петок) Денот на Свети Кирил и Методиј. Уште еден продолжен викенд за сите граѓани на Република Македонија. 

Празникот е во чест на Св. Кирил и Св. Методиј, основачите на првата словенска азбука – глаголицата. Денот на македонските светители е прогласен за државен празник од. Во XI век Црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стар стил) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Денот во Македонија првпат бил одбележан на 11 мај 1860 година во црквата Св. Богородица во Скопје. Датумот е избран бидејќи го означува датумот кога започнала Моравската мисија.

Следен неработен ден за сите граѓани е празникот Илинден кој се празнува на 2 август (петок).