Петгодишно дете претепано на автобуска во Скопје

Седумнаесетгодишник од Скопје заработи пријава за насилство, бидејќи на 22 ноември лани на улицата Димитрија Чуповски во центарот на Скопје, на автобуска постојка, без повод и причина, со повеќе удари со раце и клоци нападнал петгодишно дете од Скопје, а кај другите присутни предизвикал чувство на вознемиреност и страв.