Пет угостителски објекти добиле забрана за работа

Барем пет угостителски објекти не ги почитувале мерките за заштита од ширење на заразата со коронавирусот. Од донесувањето на новите мерки, до денес, затворени се пет ресторани, пишува Локално

-Извршени се над 6000 контроли и над 250 инспекциски надзори.Во истиот период издадени се 5 решенија за затварање угостителски објекти, од кои 4 во Скопје и едно во Гостивар, за што се издадени прекршочни платни налози во вкупен износ од 4000 евра во денарска противвредност за одговорното лице, 6000 евра во денарска противвредност за правното лице и 500 евра во денарска противвредност за физички лица кои вршат угостителска дејност нерегистрирано.Со оглед на фактот дека Државниот пазарен инспекторат врши превентивни мерки ( согласно начелото на превентивност) за таа цел спречено е одржување на прослава (свадба) - информираат од ДПИ.