Пет работи за кои луѓето најчесто се каат пред својата смрт

Голем дел од луѓето дури пред својата смрт почнуваат да сфаќаат колку време пропуштиле на неважни нешта и колку се грижеле за проблеми кои всушност не биле проблеми. Брони Вер е медицинска сестра од Австралија која во болницата која работела поминала повеќе години со луѓето во нивните последни 12 месеци од животот. Таа водела досие за нивните животи, тоа што тие сакале да го споделат со неа. По своето пензионирање, таа ја издава книгата за најчестите работи за кои луѓето се каат пред својата смрт.

Ова се 5 од нив.

Посакувам да имав повеќе храброст да живеам живот како што посакувам, а не како што другите очекуваа од мене

Тоа е најчестото каење на луѓето. Кога луѓето сфаќаат дека нивниот живот е речиси завршен и погледнуваат наназад, тие се каат што живееле живот според туѓите очекувања и не успеале да исполнат дел од своите соништа и цели. Тие предоцна сфаќаат дека здравјето носи голема слобода да постигнеме многу работи.

Посакувам да не работев толку напорно

Ова доаѓа од голем дел од мажите пред својата смрт. Тие велат дека пропуштиле многу од детството и младоста на своите деца. Тие се каат бидејќи при обидот да обезбедат егзистенција за себе и своето семејство, тие поминуваат премногу време на работа.

Посакувам да можев да имам храброст да ги искажам своите чувства

Многу луѓе ги кријат своите чувства од стравот дека ќе бидат одбиени или повредени. Тие не сакаат конфронтирање и сакаат да го задржат својот мир. Како резултат на тоа, живеат просечен живот и никогаш не успеваат да бидат со оние кои ги сакаат или да ги задржат во својот живот. Голем дел од нив се разболуваат поради горчината и каењето кои ги имаат во себе.

Посакувам да останев во контакт со моите пријатели

Често не ги разбираме вистинските бенефити од имањето добар пријател додека не ги изгубиме. Сепак, кога ќе се случат многу работи во животот и тој тече понатаму, забораваме на нашите пријатели и луѓето кои биле до нас во одредени моменти од нашиот живот. Постојат многу каења кај луѓето пред нивната смрт бидејќи не ги зачувале пријателствата и пријателите кои вределе. На сите им недостигаат нивните пријатели пред нивната смрт.

Посакувам да си дозволев себеси повеќе среќа.

Ова за изненадување е многу често каење. Многу луѓе не разбираат дека среќата е избор. Се плашат да донесат одлука и мислат дека не ја заслужуваат среќата. Голем дел од нив заглавуваат во врски кои ги прават несреќни и наоѓаат комфор во познатото. Стравот од промена ги спречува да бидат вистински среќни.