Пет прекршувањa на забраната за движење во изминатото деноноќие

Од синоќа во 23 часот до 5 часот утрово констатирано е дека пет  лицa не ја почитувале забраната за движење, соопшти МВР.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 522 прекршоци.

-Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19, соопшти МВР.