Пет навики на привлечните жени

 

Што е она што ја карактеризира атрактивната жена, онаа која совршено комуницира со својата женственост и се чувствува одлично во своја кожа? Самодовербата, интелигенцијата или ставот?

Едно е јасно: таа е исклучително опуштена, плени со изгледот, движењето и држењето на телото. Но, покрај тоа, таа има и пет изразени навики кои ја издвојуваат од толпата.

1. Атрактивните жени не влегуваат премногу брзо во интимни врски

Оваа жена е многу опуштена и ужива во љубовта, но повеќе сака да чека пред да се одлучи за интимност со нов партнер, особено ако сака сериозна врска и посветеност. Таа едноставно знае дека брзањето со физичка врска има превисока цена. Сексот предизвикува лачење на окситоцин – „лекот“ на заљубеноста, а под негово влијание можеби партнерот личи на нашата сродна душа, но таквата илузија често завршува со неуспех. Пожелните жени излегувањето го гледаат како можност за запознавање. Додека одржуваат дистанца и објективност, тие можат полесно и посигурно да ги проценат луѓето кои само бараат добра забава. На таквите жени не им се брза и не дозволуваат ничие нетрпение да ги притисне.

2. Внесуваат страст во работите што ги прават

Дамата која зрачи со женственост не е зависна од партнерот: не се држи за него со сета сила. Мажот ѝ го прави животот поубав, но не го претставува нејзиниот живот. Додека многу жени погрешно ги комбинираат своите животи со животите на нивните партнери со надеж дека ќе постигнат извонредна интимност, опуштената и самоуверена жена знае дека нејзината независност не е пречка, туку шанса за поубава и побогата врска. Атрактивна жена е онаа која го исполнува животот со интересни и вредни потфати, смислува цели и ги постигнува, а често има сосема одвоена кариера, хоби и банкарски сметки.

3. Емотивна стабилност

Жените кои се карактеризираат со женственост и сила се во голема мера стабилни и мирни и знаат како да го контролираат својот гнев. Пожелните жени знаат дека среќата доаѓа одвнатре, наспроти сите надворешни извори кои ги опкружуваат. Затоа тие создаваат стабилност со тоа што можат да ги задоволат своите емоционални потреби од различни извори: да го негуваат својот ментален и духовен живот, да одржуваат добри пријателства, да вежбаат, да го ублажуваат стресот со различни техники за релаксација за да можат да бидат топли, нежни, разбрани и љубезни со нивниот партнер. Таквите жени знаат дека само со избалансиран живот можат да имаат среќна и успешна врска.

4. Ги знаат своите граници

Силните и привлечни жени не се плашат да зборуваат и слободно да ги изразат своите ставови. Ова особено се однесува на границите што сакаат да ги постават во врската. Тие едноставно очекуваат одредено ниво на почит и не се плашат да ги изразат своите потреби.

5. Веруваат во себеси

Денес, жената се бори со многу притисоци: што да јаде за да биде витка, кога е вистинското време да се омажи, кога да почне да раѓа... Меѓутоа, таквото брзање не само што го попречува развојот и консолидацијата на женственоста, туку води и до погрешни избори и последователни тешки разделби. Атрактивната жена е сигурна во себе и во своите квалитети, целосно ги држи уздите на животот во свои раце и ја следи својата љубовна врска од ден на ден. Ако чувствува дека тоа не е искрено и вистинско партнерство, претпочита осаменост, а со моќната женственост, таа осаменост никогаш не трае предолго…