Пет главни проекти кои ќе го реконструираат Скопје во 2016 година

Нацрт-буџетот за 2016 година сe уште не е готов, а кога ќе биде изработен, ќе се најде на седница на Советот на Скопје, но, сепак, начелно, познати се најглавните проекти на кои ќе се потрошат парите наменети за инвестиции.

Според изјавите од надлежните, за в година се зацртани 80 проекти за реализација, кои, според градоначалникот Kоце Трајановски, се водат како приоритети. Меѓу наведените има стари проекти, предвидени во годинашниот буџет, кои не беа започнати, па се префрлени во 2016 година, но има и нови проекти, пренесува Дневник.

- Град Скопје буџетот за 2016 година го носи во две фази. Нацрт-фазата е на дневен ред на наредната седница на Советот, а веднаш потоа ќе биде изработен и предлог-буџетот, кој ќе биде конечен план за финансирање на градските активности во наредната година. Она што е карактеристично, и во новиот буџет ќе доминираат развојната компонента и издвојувањето средства за капитални инвестиции. Имено, рационалното и ефикасното извршување на буџетот и издвојувањето речиси половина средства за капитални инвестиции ќе бидат битна карактеристика и на овој буџет - изјавија од градското одделение за односи со јавност.

Освен проширување улици, тротоари, изградба на булевари, кружни крстосници, планирани се и нови атмосферски канализации и уредување на јавни површини, појаснуваат одговорните. Притоа, потенцираат од таму, се планираат проекти во сите скопски општини, исто како и во изминатите години.

Од улиците што се на ред за проширување се посочени: булеварот Партизански одреди во Ѓорче Петров до црквата „Свети Петар и Павле“ откако ќе се решат имотно-правните односи, улицата Тодор Александров на Водно (поранешна Салвадор Алјенде), „Јордан Мијалков“ во делот на вртењето кон „Рамстор“, Трета македонска бригада кај „Тутунски комбинат“, „Борис Трајковски“ (поранешна Првомајска) во делот на Пинтија, булевар АСНОМ во Аеродром кон куќите, „Александар Македонски“ во Маџари, изградба на четврта коловозна лента на „Никола Kарев“, како и изградба на булеварот Србија од последна „24“ до Цементарницата и улицата Есенинова. Еден од позначајните проекти е продолжувањето на дел од булеварот Kристијан Тодоровски-Kарпош во Бутел, кој треба да се поврзе со обиколницата и проширувањето на истиот булевар на територијата на Чаир.

Во врска со кружните крстосници, планирани се неколку. Една голема кај поранешна НИП „Нова Македонија“, а две помали кај надвозникот кон Црниче и подолу кај „Симпо“ на „Павел Шатев“. Други кружни крстосници кои се предвидени во нацрт-буџетот се кај „Хубо маркет“ на 16. македонска бригада, како и на „Сава Kовачевиќ“ во делот на последната станица на линијата 24 во Kисела Вода. Планиран е уште еден, кој ќе биде на две нивоа кај Судска палата, но за него допрва ќе се знае дали ќе влезе во нацрт-буџетот за в година.

Од Градот наведуваат дека планираат неколку реконструкции: на улицата Сарај, каде што ќе биде поставено и ново улично осветление од Сарај до Глумово, на „Боца Иванова“ во Бутел до влезот во Железара, на „Александар Урдаревски“ во Бутел, како и санација на улици во Шуто Оризари.

Предвидена е и изградба на атмосферски колектор на „Џон Kенеди“ и „Kемал Ататурк“, изградба на водоводна мрежа во Шуто Оризари, два фекални колектора од левата и десната страна на Вардар, и тоа од десната, од булеварот Србија до препумпната станица, а од левата страна на потегот од Ќерамидница до препумпната станица.
 

ПЕТ ГЛАВНИ ПРОЕKТИ ЗА 2016 ГОДИНА

1. „Трета Македонска Бригада“ - проширување кај „Тутунски комбинат“
2. „Христијан Тодоровски-Kарпош“ - пробивање нов булевар во Бутел
3. „Борис Трајковски“ - проширување и реконструкција во Пинтија
4. „Партизански одреди“ - доизградба до црквата „Свети Петар и Павле“
5. АСНОМ - проширување во Ново Лисиче

cheap nike air max 90