Пестициди, тутун, ботокс, загаден воздух...ама не вакцините се заговор - Доктор Лазаров „распали“ против антиваксерите

Доктор Ненад Лазаров „распали“ против родителите антиваксери. Во поопширна фејсбук објава, иронично ги наброја сите штети со кои секојдневно живееме, и ги оправдуваме, а во исто време сме скептични за вакцини! 

Тутун, алкохол, загаден воздух, пестици, филери, ботокси...Наброја познатиот доктор кој секогаш е гласноговорник и порача дека неговите деца се вакцинирани! 

Ова е неговиот фејсбук статус во целост: 

Не ви се заговор цигарите и алкохол и нивната легалност, дури субвенционираме ко држава тутун.

8 милиони жртви годишно од тутун, половина милион од алкохол.

Не ви се заговор сите тешки метали во почва во концентрации немерливо големи во почва, ниту органски загадувачи насекаде, ниту пм честички најмногу во светот.

8 милиони жртви од загаден воздух.

ОЛОВОТО Е ДОКАЖАН ПРЕДИЗВИКУВАЧ НА ПАД НА ИНТРЛИГЕНЦИЈА.

Не ви е заговор ниту линданот од Охис од кој пола жени имаат тироидни дисфункции.

Не ви е заговор водата во Вардар.

Не ви е заговор азбестни цевки во водовод.

Не ви се заговор пестицидите на храната, со литри наместо милилитри.

Не ви е заговор кока-кола и слични соди со што ве бомбардираат секој ден.

Не ви се заговор сите додатоци во исхрана со чудотворни моќи.

Не ви се заговор билни хигиенски влошки со змиски отров.

Ботокси и филери не ви се е заговор.

И како последно, не ви се заговор и чипирање зависноста од скапите паметни телефони што САМО ГИ ПЛАЌАТЕ.

Ама затоа заговор ви е живата и алуминиумот во вакцините, каде се наведени таксативно и 1 на 100.000 несакане ефекти, транспарентно.

Ама затоа заговор е и нЕ прскаат со авиони со алуминиум. И земјата е рамна.

И се е ок е прифатливо само нас медицинари некој дошол во Македонија пари да ни даде од Америка и да за да си го убиеме народот, и сопствените деца?

Моите две деца се вакцинирани по календар со државните вакцини.