Автомобил прегазил пешак и тешко го повредил, утрово во Скопје. Веднаш по сообраќајната несреќа К.Н. (65) од Скопје бил однесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде што е задржан на лекување.

Според полицијата, на 10.07.2008 година околу 00,10 часот на влезот во с.Сарај-скопско товарно моторно возило марка “Форд транзит“ со велешки регистерски таблици удрило во пешакот К.Н. (65) од с.Рашче, по товарното возило го напуштило местото на настанот. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар при Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Полицијата го расчистува случајот.