Пензионер во дом за стари лица во Битола има корона вирус

Коронавирус е потврден кај еден 86-годишен пензионер од Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола.

Тој е во изолација со неговите двајца цимери и шест лица од медицинскиот персонал.

Во домот бил примен во март, а неговата внука неколку дена претходно се вратила од Германија.

Бил примен во редовна процедура и не му била направена епидемиолошка анкета.