Пендаровски: Хеликоптерите на армијата немаат техничка можност да летаат во ноќни услови

По прашањата и коментарите од јавноста зошто гаснењето на пожарите во Кочани ќе биде оставено дури за изутрина, претседателот на државата Стево Пендаровски ја објасни причината за тоа. 

Сакам да ја информирам јавноста дека хеликоптерите на армијата немаат техничка можност да летаат во ноќни услови. Ова е единствената причина заради која во гаснење на пожарите ќе се вклучат во раните утрински часови, објави Пендаровски во својот последен Фејсбук статус.

Имено, според последните информации од ЦУК, на територијата на Северна Македонија владеат повеќе пожари, но најкритичен е оној во Кочани.