Пендаровски го призна поразот - им честита и им посака успех на победниците

Резултатите се јасни и немам намера подетално да ги разлагам. Согласно резултатите досега им честитам на победниците, да им посакам успешна работа во следните четири, односно пет години. Мојот концепт за мултиетничка Македонија денеска не доби мнозинска поддршка од граѓаните. Јас сум уверен дека само таква Македонија може да биде просперитетна и демократска држава. Мојата совест е мирна, но не сум сигурен дека совеста им е мирна на оние кои тргнувајќи од тесно партиски и лични политички интереси, денеска ефективно спречија илјадници наши граѓани да го земат второто ливче и да гласаат и на претседателските избори , порача вечерва на прес-конференција претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. 

Им посака успех на оние кои ја добија мнозинската поддршка од граѓаните. 

- Оние 330.000 гласови кои одпаднаа од првиот круг, верувам дека се поблику до мојот концепт, но од засега непознати причини, теснопартиски интереси, отидоа кај противкандидатката, појасни Пендаровски.