Педесет и четиригодишен маж се здоби со тешки повреди управувајќи мотоцикл

Во утринските часови денес, педесет и четиригодишен маж бил хоспитализиран во Општата болница Кавадарци со тешки телесни повреди со кои се здобил управувајќи мотоцикл.

Случајот бил пријавен во Полициската станица Кавадарци во 00.45 часот, утрово. Според пријавеното, З.М.(54) се здобил со повредите на 05.07.2022 околу 22.30 часот, на локалниот пат за с.Раец, кај местото викано ,,Стар магацин-Илиница“ каде што, управувајќи мотоцикл, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.