Пасошите на РМ со печат дека се патни исправи на Република Северна Македонија

Во наредните 5 години сите граѓани треба да добијат пасоши на Република Северна Македонија.

Важечките патни исправи ќе можат да се користат до 2024 година, но во нив ќе се става печат со кој на македонски, англиски и француски се објаснува дека „пасошот е сопственост на Република Северна Македонија".

Според Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција старите документи остануваат во важност до истекот на техничкиот рок од 5 години. До тогаш, при влез или излез од Македонија, на граничните премини ќе се става печат како на фотографијата.

Менувањето на стариот пасош со нов е на сметка на секој граѓанин посебно.

nike air max 1 sale