Парадно концертирање на Градскиот дувачки оркестар по повод 8 Септември

По повод 8-ми Септември –Денот на независноста на Република Македонија, денеска со почеток во 18:30 часот, од Музеј на град Скопје кон улица „Македонија“ па се до плоштадот “Македонија”,  Градскиот дувачки оркестар ќе одржи променаден концерт со познатите таканаречени „Чекорници“.

На оваа музичка променада, ќе биде изведена следната програма:
– Младинска чекорница
– Вардаре македонски
– Патриотска чекорница
– Дикси парада
– Вашингтон пост марш
– 3-та Македонска бригада
– Огномет на слободата
– Во спомен на Ваташа
– Работнички
– За сите деца

Овој концерт е во организација на Град Скопје и Младинскиот културен центар.