Пакистанец криумчарел мигранти од Индија

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе известување против С.Х.(26) од Пакистан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти “ по член 418-б од Кривичниот законик.

На 06.11.2021 во близина на с.Речица, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот затекнале група од 14 лица мигранти од Индија. Според изјавите што ги дале, тие му платиле на С.Х. за да им помогне илегално да ја преминат границата помеѓу Република Србија и Република Северна Македонија и да ги однесе до Република Грција.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор.