Ова се најбараните професии во Македонија за 2016-та

Истражувањата на Агенцијата за вработување потврдуваат дека професионалците од информатичките технологии, инженерите и кадрите од техничко-технолошките струки веќе подолг период се на цена на пазарот на труд, и дека овие професии и понатаму ќе бидат најбарани.

Поконкретно, во иднина сè почесто ќе се бараат професиите програмер, информатичар, градежен инженер, архитект, архитект- проектант, машински инженер, инженер технолог, фармацевтски технолог, електроинженер.

На пазарот на трудот има и недостиг на стручните работници, правниците, магационерите, келнерите, шивачите на текстил, а професијата продавач веќе подолго време е меѓу врвот на листата најбарани професии. Се очекува овој тренд да продолжи и оваа година.

Од профилите со средно образование, пак, најбарани се комерцијалистите, градежните техничари, операторите на медицинска опрема, текстилните техничари, шивачите, шивачите на текстил, кројачите, продавачите, браварите, столарите, заварувачите, армирачите, лимарите, градежните работници. Сѐ почесто се бараат работници за производствена линија, работници за едноставни работи во производство на текстил, дистрибутери и слично.

cheap nike free run 5.0