Ова е за сите бестрашни жени!

Постојат различни типови на бестрашни жени, но секоја од нив знае како да се бори за себе. Тие се борат за она што го сакаат и не дозволуваат ништо да им застане на патот.

Но, сите жени имаат свои моменти. Забораваме кој е нашиот порив и страст, а понекогаш ја губиме и мотивацијата.

Во таквите моменти, убаво е да имаме мало охрабрување и поттурнување за да се вратиме на нашиот пат.

Токму затоа и ги одбравме овие совети и мисли кои секогаш треба да ги имате на ум, особено кога ќе паднете со духот.

За тоа како другите ве гледаат

Бестрашната жена не се грижи за тоа дали другите ја сакаат. Сѐ што прави, таа го прави за себе.

За напорната работа

Бестрашната жена оди и трча по своите соништа и цели. Таа не седи дома и не чека работите да и паднат од небо.

За оставање трага на овој свет

Ако сакаш да го промениш светот, не смееш да се плашиш од неуспех. Не можеш срамежливо да им пристапуваш на работите. Биди самоуверена во сѐ што правиш.

За стравот

Не дозволувај стравот да те спречува да се развиваш. На крајот ќе се каеш за шансите кои си ги пропуштила поради стравот кој си го имала. Бестрашната жена е подготвена да направи се за да успее и опстане!

За потрагата по љубов

На силната жена не ѝ потребен некој да ја спаси. На бестрашната жена ѝ е потребен некој со кого заедно ќе трча низ овој свет и со кого ќе ги споделува сите прекрасни, но и неубави моменти.

За преземањето контрола врз сопствениот живот

Бестрашната жена не се потпира на другите кога е во прашање нејзината среќа. Таа сама ја создава својата среќа.

За препознавањето на сопствената вредност

Никој не може да ти каже која си ти. Тие не можат да ја определат твојата вредност. Бестрашната жена се дефинира самата себе и тоа е она коешто е важно.