Откажаа мерните станици во една од најзагадените населби во Скопје

Откако синоќа покажаа рекордна загаденост оваа зима, вечерва мерните станици во една од најзагадените скопски населби - Ново Лисиче не покажуваат никакви податоци. Скопјеинфо изминатиот период редовно известуваше за критичниот квалитет на воздухот во општините, а конкретно оваа населба речиси секогаш беше при самиот врв споредена со останатите каде исто така има мерачи.

Случајно или не, кога граѓаните споделуваат фотографии од оваа населба на кои јасно може да се види дека состојбата со воздухот е повторно алармантна, двете мерни станици - Реонски центар и Ново лисиче 2 откажаа и не покажуваат никакви податоци.

Онаа пак која е единствена во функија во споменатата населба покажува многу високо загадување со 194 микрограми ПМ10 честички на м3.