Осуденик нападнал надзорник во затворот Идризово

Вчера во 13.40 часот било пријавено во полицијата дека во Казнено-поправната установа Идризово, при вршење служба во амбулантното одделение, надзорникот Ѓ.Д. (33) бил физички нападнат од осуденикот С.А.(33).

На Ѓ.Д. му била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Се работи на расчистување на случајот.