Оштетени и запалени контејнери низ градските улици (фото)

По апелот до граѓаните да не ги оштетуваат и палат контејнерите поставени на градските улици, повторно сме сведоци на уште еден вандализам, веднаш до новиот дрворед на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов каде вчера беа посадени 40 дрвја.

-Ваквото несовесно однесување на поединци освен штета, со ништо друго не придонесува да се подобри хигиената во градот и да се зачува животната средина, велат од Град Скопје.