Општина Карпош од 1 февруари 2019 година продолжи со акцијата за субвенционирање на купување на нови велосипеди. Право на субвенција има секој полнолетен жител на Карпош, кој ќе купи нов велосипед од 1 февруари, а се субвенционира 30% од цената на купениот нов велосипед, но најмногу до 3.000 (три илјади) денари.

Градот Скопје во буџетот за 2019 година има предвидено 10 милиони денари за субвенции за велосипеди и електро тротинети. За потестетување, во 2018 година, Град Скопје додели 3119 субвенции за велосипеди и 109 за електрични тротинтети.

Потребни документи за субвенционирање на велосипеди се:

- Лична карта (фотокопија)

- Трансакциска сметка, (фотокопија)

- Фискална сметка со сметкопотврда (оригинал) или фактура за купен велосипед, кој е купен не порано од 01.02.2019 година (петок).

- Жителите кои веќе оствариле право на субвенција и добиле средства по истата од Град Скопје, немаат право да учетвуваат по огласот.

Барањата со комплетна документација ќе се доставуваат до архивата на Општина Карпош. По поднесувањето на документите, подносителите во писмена форма ќе бидат известени дали ќе бидат корисници на предвидените средства за субвенција за купување на нов велосипед. Оваа акција ќе трае до исцрпување на средствата, а ќе важи принципот „прв дојден, прв услужен“.

Исплатата на средствата ќе се изврши по завршувањето на изборниот процес.

Правото на субвенција е еднократно.

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат кај координаторот на проектот Марко Петрушевски

Телефон за контакт: 078/432/653