Општина Ѓорче Петров во хуманитарна акција: Донирани фустани за полуматурантите

Општина Ѓорче Петров во хуманитарна акција. Да се помогне онаму каде е најпотребно, овој пат на полуматурантите.

Педесетина деветооделенки од 6-те основни училишта во општината ќе им се радуваат на донираните фустани за полуматурската вечер.

Идејата за оваа акција потекна од Социјалната општинска патролна служба која ги обезбеди фустаните и се погрижи акцијата да помине во најдобар ред.