Општина Ѓорче Петров потпиша Меморандум за соработка за промоција на правата на децата

Тргнувајќи од нашите заложби за подобрување на целокупната состојба во училиштата, Општина Ѓорче Петров поддржа уште еден значаен проект чија цел е да го поддржи и промовира почитувањето на правата на детето како предуслов за демократски училишни заедници кои градат и негуваат активни и одговорни граѓани, информираше денеска градоначалникот на општината Александар Стојкоски. 

За таа цел, подрачното училиште „Јоаким Крчовски“-Никиштане и Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ како главен носител, денеска потпишаа Меморандум за соработка според кој ќе се спроведува тригодишниот проект на Фондацијата.

- Општина Ѓорче Петров како поддржувач на вакви чекори секогаш се води од заедничкиот интерес за унапредување и заштита на детските права и подобрување на квалитетот на работата на училиштата. Проектот е во насока на заштита на правата на детето преку собирање и анализа на податоци од истражување. Преку истиот се очекува поддршка, унапредување и заштитата на правата на детето во училиштата преку јакнење на капацитетите и ученичко учество и подигање на јавната свест за правата на децата преку јавна кампања, велат надлежните од општината. 

Проект го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ „Stand up 4 Children Rights!/ Децата на 1-во место! и истиот е финансиран од Европската Комисија.

- Нашите најмлади жители се нашата иднина и секој позитивен чекор во образовниот систем е вложување во подобри генерации, порача Стојкоски.