Општина Ѓорче Петров постави гребен асфалт во делови од Кисела Јабука, Стопански Двор и Волково

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски информира дека во изминатиот период се работело на санација и поставување гребен асфалт, како времено решение на повеќе улици во руралниот дел.

Целта била подобрување на условите за живот на жителите од населените места Кисела Јабука, Стопански Двор и Волково.

Гребен асфалт бил поставен во:

- Кисела Јабука на три краци од ул.22,

- Стопански Двор на ул.51 и ул.52,

- Волково на ул.22