Активна блокада во Собранието од дел од пратениците од опозицијата ја одбележа изминатата 2022 година година. ВМРО-ДПМНЕ почна со блокадата во мај, која, како што тогаш најавија од партијата, ќе трае сè до договор за датум за предвремени парламентарни избори. Блокадата, според партијата, подразбираше и „попречување на штетните закони и политики“. За власта и покрај бојкотот и блокадите, Собранието функционираше.
За предвремени парламентарни избори, стабилноста на парламентарното мнозинство, како и оценка за работата на Собранието изминатата година, МИА побара одговори од поголемите парламентарни политички партии – СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Левица, ЛДП, Алијанса за Албанците, Алтернатива и Движење БЕСА.
Власта и опозицијата не отстапуваат од своите ставови. Според СДСМ, предвремени парламентарни избори нема да има и ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година, а ВМРО-ДПМНЕ предлага тие да се одржат напролет, во периодот меѓу 14 и 21 мај 2023-та.
Зголемените активности на терен за СДСМ не значат и подготовка за предвремени избори, туку, како што посочија од партијата за МИА, изминатиот циклус на трибини е само продолжување на интензивните активности на партијата со цел граѓаните одблиску да се запознаат со политиките на СДСМ, но и да ги слушнат нивните мислења, идеи и предлози.
Кампања која подразбира контакт со граѓаните само пред избори, според оваа партија, е одлика на ВМРО-ДПМНЕ.
– Изборите ќе се одржат во 2024 година и тоа прашање е апсолвирано. СДСМ е отворена партија, блиска до граѓаните и преку различни форми, средби со општинските организации, поширок формат на трибини, СДСМ докажа дека е одговорна партија и како таква постојано со народот, посочија од партијата.
Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски вели дека парламентарни избори ќе има заедно со претседателските во 2024 година и не се планира реконструкција на Владата.
– Јас сум човек кој се држи до своите ставови и не менувам ставови како други политичари и избори ќе има во 2024 година, прво претседателски, а потоа парламентарни избори, рече премиерот кој е убеден дека во 2024 година повторно ќе има Влада, што исто така ќе биде предводена од СДСМ и коалиционите партнери кои се за продолжување на европскиот пат на државата и зачленување до 2030 година во ЕУ.
Според најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, хаосот во власта, состојбите во државата и анкетите на јавното мислење покажуваат дека изборите напролет се неопходност.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во моментов политичката состојба во земјава е неподнослива, како меѓу партиите така и внатре во некои партии, односно во СДСМ, ДУИ и Алтернатива. Од партијата најавуваат искористување на сите механизми за постигнување на својата цел и креативност во изнаоѓање начини за одржување на тие избори.
Бидејќи од партијата предлагаат предвремени избори во мај, според нив, изборната кампања би почнала на 25 април. Целта на тие избори, како што брифираа од партијата, е ресет на системот и воведување на поголема стабилност.
ВМРО-ДПМНЕ како свој партнер во идната влада би сакала да ги види албанските опозициски партии за кои, иако се согласуваат дека ја немаат силата што во моментов ја има ДУИ, сепак сметаат дека постои големо незадоволство и кај гласачкото тело на етничките Албанци кои веруваат дека би поттикнале одредени промени во таа насока.
За ДУИ, предвремени парламентарни избори ќе нема и не треба да има.
– Не треба да има предвремени парламентарни избори и нема да има, бидејќи сме максимално заинтересирани за реализирање на програмските определби, кои се пред нас и за кои граѓаните ни дадоа мандат. Изборите не се решение, туку решение се адресирање на сите потреби и проблеми на граѓаните, посочуваат од ДУИ за МИА.
Алијанса за Албанците тврди дека е подготвена за избори, кога и да се одржат. Во изјава за МИА велат дека ценат оти на земјата и треба ново мнозинство, нова Власт, постабилна, чиста и која ќе се бори против корупцијата.
Според партијата, приоритет број еден по Нова Година треба да биде носењето на уставните измени, отпочнување на преговорите со ЕУ, како и усвојување на закони и механизми за борба против криминалот и корупцијата.
И од Алтернатива за МИА посочија дека не гледаат посебна причина за предвремени парламентарни избори, но, велат, ако тие се случат, партијата е подготвена да учествуваме со својот политички капитал и учинок во Владата, како и да се натпреварува со нејзината политичка програма. Избори, според нив, и така не очекуваат до 2024-та, а сега, додаваат, е време за работа.
Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова во писмена изјава за МИА нагласува дека нејзиниот личен став е дека предвремени избори во овој неповолен момент на економска и енергетска криза проследен со војна која се случува на европскиот континент, не треба да има.нтичната опозиција“.