ОЈО Велес ја отфрли кривичната против насилникот кој ја тепаше, давеше и силување Моника

Силувана, претепана и со тешки трауми. Ова е голготата низ која поминува велешанката Моника Јовановска која цели шест месеци чека ОЈО да покрене обвиение против насилникот. Оваа млада девојка за ТВ 24 раскажа и со документи го поткрепи случајот во кој вели дека била брутално тепана со тупаници, клоци, силувана, па повторно тепана од 32 годишниот велешанец со кој претходно била во врска. 

Настанот се случил ноќта на 2 август на автопатот Скопје-Велес, на враќање од кафе ресторант каде биле да разговараат, а Моника одбила да ја продолжи врската со него.

Истата ноќ Моника во тешка состојба во придружба на родителите го пријавила случајот во СВР Велес каде што е направен Записник, по што се направени лекарски прегледи и е пратена на испитување и вештачење на Институтот за судска медиција. Таа вели дека шест  случајот е згалавен во обвинителството. Нема епилог, но таа нема ниту повратана информација – до каде е истрагата, зошто трае толку долго. 

Вчера ОЈО Велес ја отфрли кривичната пријава на Моника против насилникот. 

 -Во овој момент Моника е во болницата во Велес каде е однесена итно со брза помош. Според кажувањето на мајка и таа е во тежок шок, се онесвестила, не препознава никого, родителите не ги пуштаат кај неа. Судството уште еднаш го покажа грдото лице. По одлуката на ОЈО Велес, кое ја отфрли кривичната пријава против насилникот, младата девојка сега поминува пекол- силувана, тепана, давена, сега е во тешка психичка криза. Родителите бараат да ја носат на скопските клиники. - оваа информација ја потврди Менче Точи која како новинарка го работеше случајот.