Охриѓани ги качија цените за Илинден - минатиот викенд, цената на една лежалка беше 150 денари, за празникот истата чинеше 250

Охриѓани и оваа година ги качија цените за празникот Илинден. Иако не им се погоди времето оваа година, и имаа помал број на туристи, сепак не знаеја да ги задржат ниту оние кои празникот решија да го поминат покрај брегот на Охридското Езеро. 

-Јас во Охрид не сум бил можеби пет години. Оваа година се решивме со девојката да се прошетаме. Иако времето не беше добро, решивме да го шетаме Охрид, бидејќи има што да се види. Отидовме три дена пред Илинден. Одевме цело време на иста плажа. Цена за лежалка беше 150 денари. Ден пред Илинден цената се искачи на 250 денари. Иста лежалка, иста плажа. Само претходните денови немаше толку луѓе, а за празникот имаше, па охриѓани го искористија тоа. Ние плаќавме кревет од 400 денари. Ден пред Илинден цената на креветот за новите гости чинеше 550. И после се чудам кога некој ќе зборува, зошто не го цениме она што го имаме, раскажува Игор од Скопје.