Охриѓанец излетал од пат, со тешки повреди е пренесен во болница

Вчера во СВР Битола е пријавено дека во 21.15 часот на магистралниот пат А-3 Ресен – Буково кај место викано леворечки мост се случила сообраќајна несреќа. Патничко моторно возило „хонда” со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(38) од Охрид, излетало од коловозот, при што Д.Н. се здобил со тешки телесни повреди.

Веднаш  бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, а увид извршила увидна екипа на ОВР Ресен, информираат од МВР