Ограбена бензинска во Скопје

Во периодот од 02,00 до 04,00 часот во Скопје, во бензинската пумпа на булевар „3-та Македонска Бригада" непознат сторител извршил тешка кражба, така што со употреба на погоден предмет делувал на прозорецот од канцеларија, влегол внатре и одзел пари.