Ограбена аптека во Скопје

Кражба имало вчера во аптека во Скопје, известуваат од полицијата.

Вработена во аптека на ул. „Козле“ во Скопје синоќа пријавила дека истиот ден околу 20.50 часот непознат сторител извршил разбојништво во аптеката.

Сторителот со закана со нож ги одзел парите од дневниот промет и побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.