Ограбена аптека кај Зелен пазар

Разбојник ограбил аптека во близина на Зелен пазар во Скопје.

Според информациите на полицијата, кражбата се случила вчера во 18:50 часот. „Непознато лице со закана извршило разбојништво при што од касата одзело околу 8 000 денари“, велат од полицијата и додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.