Ограбен штабот на СДСМ во Кисела Вода

Вчера во 19.37 часот во ЕИК-Скопје, Ф.Т. (34) од Скопје пријавил дека во периодот од 20-22 мај, непознат сторител извршил тешка кражба во штабот на политичката партија СДСМ, на ул.„Првомајска“ во општина Кисела Вода.

Сторителот насилно ја отворил вратата од Општинската организација на СДСМ-„Кисела вода“, и по извршено пребарување одзел проектор, партиско знаме, компјутери и компјутерски делови, а потоа го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.