Одбројување до „Скопје џез фестивал“

Помалку од 10 дена до започнувањето на традиционалниот „Скопје џез фестивал“.

Програмата започнува на 13-ти октомври, со тоа што на за 12-ти е закажан бонус настан кога во Кино Фросина, МКЦ, ќе се прикаже документарниот филм „Summer of soul“, со почеток во 20 часот. 

Фестивалот ќе трае до 16-ти октомври, а планирани се настапи на многубројни врвни џез музичари, од повеќе места од светот. 

Настаните ќе се реализираат во просториите на Националната опера и балет и Младинскиот културен центар. 

Целата програма може да ја погледнете тука.