Од вечерва нема да можете да платите билет со телефон во ЈСП

Од вечерва од 22 часот во автобусите за јавен превоз во Скопје нема да функционира опцијата за плаќање билет со мобилен телефон, валидација преку бројот 185.

Како што соопшти Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, прекинот на оваа услуга ќе биде привремен и заради надградба на системот за електронска наплата.

Од среда, 12 јануари, опцијата за плаќање со мобилен телефон ќе биде повторно достапна, информираше ЈСП.