Времето денеска ќе биде облачно, со слаб до умерен ветер. Перетпладне ќе има зголемена облачност во поголемиот дел од земјата и во западните делови можна е појава на слаб снег.

Од пладневните часови облачноста ќе се намалува и особено на исток и североисток ќе има повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне од минус 4 до 4 степени, информираат синоптичарите.

Во Скопје претпладне ќе има умерена облачност, а од средината на денот ќе има се повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната температура ќе достигне до 1 степен.

Од денеска попладне до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури кои во поголемиот дел од населените места ќе се во интервал од минус 5 до минус 15 степени. Наутро ќе има услови за појава на магла по котлините, велат од УХМР и додаваат дека во недела попладне ќе се зголемува облачноста, а во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.