Од денеска нови пониски цени на горивата

Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинија за еден денар, а дизелот за денар и половина, одлучи на вчерашната седница Регулаторната комисија за енергетика .

Новата цена на Еуросупер БС 95 изнесува 71 денар за литар, а Еуросупер БС 98 се продава за 73 денари за литар. Екстралесното масло за домаќинство чини за 51,5 денари за литар, додека новата цена на  Еуродизелот (Д-Е V) изнесува 62,5 денари.

Малопродажната цена на мазутот М -1 НС се намалува за 0,81 денари за килограм и новата цена на овој енергенс  изнесува 33,897 денари.

Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 1,96 проценти. РКЕ ја донесе одлуката врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.