Од четврток не чекаат најтоплите денови - Македонија во портокалова фаза

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени.

УВ индексот ќе биде 9

Под влијание на многу топла воздушна маса до средината на наредната недела времето ќе биде сончево и многу топло, а само во петок ќе има зголемена облачност.

Од утре ќе биде активирано жолто, а од четврток во некои реони и портокалово ниво за опасност од високи температури.