Новогодишна анкета: Каде ќе слават скопските градоначалници?

Скопските градоначалници нема да отпатуваат надвор од градов за време на новогодишните празници, а 2019 година ќе ја пречекаат во кругот на семејството, пренесува Нова Македонија.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, најпрвин ќе ги поздрави скопјани на градскиот плоштад, а потоа ќе замине кај семејството. Сите општински градоначалници Нова година ќе ја пречекаат во кругот на своите семејства, а на некои подоцна ќе им се придружат пријателите.

Општинските татковци велат дека поради своите работни ангажмани им останува малку време за да бидат со семејствата, па затоа сакаат да бидат со нив барем во празничните денови. Во моментот кога ќе се поклопат стрелките на часовникот на 12 часот, ќе наздрават најпрвин за добро здравје, а други велат дека ќе запеат и песна.

air max 90 essential sale