Нови директори на СЦ Борис Трајковски и ГТЦ

Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ и Градскиот трговски центар денес добија нови директори. На челната позиција во првата институција е назначен Александар Петровски, додека на директорското место во ГТЦ седнува Ѓоко Трајчевски.

Александар Петровски е познатиот спортски работник Александар Петровски, кој беше помошник на Лино Червар во Металург. Долго време беше и шеф на стручниот штаб на Женскиот ракометен клуб Металург. Во овој момент предава на спортската Аакдемија, сопруг е на пејачката Кристина Арнаудова.

Ѓоко Трајчевски е дипломиран инженер и пред да стане директор, своето работно искуство го поминал токму во ГТЦ, каде 18 години бил раководител на оделот за одржување на трговскиот центар. Претседател е на општинската организација на СДСМ во Сарај.