Новата уметничка акција насловена како „Поддршка за птиците во Скопје“

Новата уметничка акција насловена како „Поддршка за птиците во Скопје“ има за цел во овие пред велигденски денови да алармира на се поголемиот број исечени дрвја во градот (градското зеленило е намаледно за 40% за само 8 години) што освен на загадувањето и унуштувањето на амбиенталните вредности на градот, влијае на севкупниот биодоверзитет во градоот. 


Конкретно, со уништувањето на старите дрвја во градот, не само што се уништуваат долгогодишните постоечки гнезда на птиците, туку истите многу често немаат место за гнездење. 

Според податоците од еколошките здруженија голем број птици како Славејот, песнопојките, клукодрвците, ќосот и слични племенити птици сè пред исчезнување во градот заради уништување на нивниот хабитат.