Новата учебна година ќе започне со електронски дневници, печатените заминуваат во историјата

Новите генерации никогаш нема да ја дознаат возбудата од дадената доверба ученик да го „пренесе“ дневникот од еден кабинет во друг, ниту пак стегањето во стомак кога наставниците испрашуваат „онаму каде дневникот случајно ќе се отвори“.

Од новата учебна година во основното и средното образование во употреба ќе бидат само електронските дневници, соопшти Бирото за развој на образованието.

Наставниците веќе знаат да пополнуваат електронски дневник кој со години е дел од образовниот систем, велат од Бирото.

Електронската евиденција ќе ја водат околу 25.000 наставници и професори. Во електронските дневници, освен оценките, ќе се внесуваат информации за изостаноците и активностите на учениците.