Нова ботаничка градина во состав на ПМФ

Нова ботаничка градина денеска беше промовирана на Природно математичкиот факултет Скопје. 

Оваа градина е составена од над 900 живи растенија, распространети на 600 метри. Градината ќе им биде од големо за значење за сегашните и идните студенти, биолози, кои таму ќе ги извршуваат вежбите и ќе можат да истражуваат, како и поблиску да се запознаат со она што ќе им биде потребно во иднина. 

На отварањето на ботаничката градина, беа доделени и благодарници на фирми и поединци кои дале свој придонес при изградбата на градината.