Ноќеска околу 00.23 часот било пријавено дека во с.Мирковци, скопско, било опожарено патничко возило „Голф“, сопственост на Н.А. (26) од с.Бањани, скопско.
Од пожарот, целосно бил опожарен внатрешниот дел, а бил зафатен и поголем дел од надворешниот дел на возилото.
Околу 02.50 часот пожарот бил целосно изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарната заштита Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот и за утврдување на причините за настанување на пожарот.