Нови пешачка и велосипедска патека на булеварот Александар Македонски

Булеварот Александар Македонски досега не располагаше со оптимални решенија за пешаците и велосипедистите. Да се биде пешак во тој реон беше практично невозможно. 

Во моментов, се трасираат пешачки и велосипедски патеки од двете страни. 

„После 50 години, булеварот Александар Македонски добива пешачка и велосипедска патека од двете страни. Во тек е изградбата на новата велосипедско пешачка патека во должина од околу 1 километар и широчина од 4 метри“, соопштува Шилегов. 

„Оваа велосипедска и пешачка патека конечно велосипедски ги поврзува граѓаните од населбите Ченто и Маџари со централниот дел на градот“, додава тој.