Безживотно човечко тело било пронајдено во внатрешноста на трансформатор, во Тетово.
-Вчера во 16 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека во електричен трансформатор поставен во комплексот „Арабати Баба Теќе“ во Тетово, без знаци за живот бил пронајден 38-годишниот тетовец А.У. Го пронашол и случајот го пријавил чуварот на комплексот, по што Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид - информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По наредба на Јавниот обвинител тело на починатиот било предадено на семејството.