Олабавените мерки и намалениот полициски час ги олабавија и навиките на граѓаните, па тие доминантно се вратија на старите навики и на живот без маски.
Дел од здравствените експерти ширум светот сугерираат дека не е неопходно носење на заштитна маска на отворен простор и во природа, но правната регулатива во Македонија се уште ја дефинира маската како задолжително, дури и во паркови и на отворено.
Казната за избегнување на оваа обврска во моментов изнесува 20 евра, а доколку ја платите во рок од 7 дена таа е 10 евра. Веројатно, полесно е да се шеташ и да дишеш слободно, отколку да платиш 600 денари пред надлежните државни органи.